• REBEL SOLO и REBEL TANDEM се “high-pressure, drop-stitch” кајаци, а тоа е ВРВОТ во категоријата кајаци на пумпање. Ги тестиравме на мирни и немирни води и можеме да се пофалиме дека направивме СУПЕР СТАБИЛЕН, брз и цврст едносед (за веслачи до 150 кг) и двосед (за веслачи до 250 кг) кајак. Многу се побрзи од другите типови кајаци на пумпање, а исто се брзи, но ДУПЛО ПОЛЕСНИ од полиетиленските (тврди-пластични) кајаци. Имаат и повеќе простор од било кој друг тип на кајак.

  • Секоја од 3-те комори е изработена од високо квалитетен “drop-stitch PVC” - истата технологија која се применува при изработка на SUP даските на пумпање. 
  • Благодарение на двонасочната (high-pressure) пумпа, SOLO и TANDEM се пумпаат за само 7-8 минути. Истата пумпа служи и за до-издишување (вакумирање) на кајаците, за многу полесно пакување.
  • За да ви обезбедиме најкомотен простор при веслањето, SOLO и TANDEM се изработени во НАЈДОЛГИТЕ димензии за овој тип на кајаци. Во 391 цм долгиот едносед и 473 цм долгиот двосед има предоволно простор и за вашиот багаж и опрема. Со доплата за уште едно седло и весло 473 цм долгиот двосед се трансформира во тросед
  • СЕДЛАТА на Rebel кајаците се за 10 цм поиздигнати од обичните кајак седла и даваат одлична удобност и елеганција при веслањето.
  • “Water drainage system”-от овозможува брзо и лесно празнење на навлезената вода при веслање на кајакот. 
  • Двете рачки напред и позади овозможуваат лесно транспортирање на кајакот од 2 лица, меѓутоа инсталиравме и дополнителни 2 рачки во средина за полесно вадење од вода и транспортирање на кајакот и од само 1 лице.
  • За лесно (без замор) транспортирање и пакување, Rebel кајаците се опремени со голем и комотен РАНЕЦ НА ТРКАЛА во кој покрај кајакот има место и за сите други делови (2 високи седла, 2 весла, пумпа…)
  • Во цената ги вклучивме и алуминиумските ВЕСЛА коишто склопени не тонат во вода. Дополнително вклучивме и 3л водоотпорна торбичка за безбедно чување на вашите електронски уреди.
  • Обезбедивме 1 година македонска гаранција, резервни делови и сервис во Скопје.